Во сабота ќе се одржи сообраќајно воспитна манифестација „Детски Семафор“

Сообраќајно воспитната манифестација „Детски Семафор“ ќе се оддржи на 05 април (Сабота). Теоретскиот дел ќе се одржи во просториите на ОУ, „Христо Узунов“, а практичниот дел на „Кеј Маршал Тито“.

Периодот од 01.04 до 07.04.2014 година е прогласена за „Ден на безбедноста на пешаците во сообраќајот“. За таа цел во сите основни училишта еден наставен час ќе се посвети на темата „Безбедност на пешаците во сообраќајот“ и учениците преку ликовни творби ке се искажат на таа тема согласно нивното видување.

Во средните училишта еден наставен час ќе им се посвети на проблемите на пешаците во сообраќајот, а учениците преку разговор ќе дадат свое видување за зголемување на безбедноста на пешаците. Во овој период ќе се обноват пешачките премини пред основните училишта како дел од кампањата за поголема заштита на пешаците во сообракајот.

Share