ГЛАМУР,ВИСОКА МОДА,ЗАБАВА И НАГРАДИ-ОСКАРИ 2014

Заврши 86-то издание на најгламурозната ноќ во шоу-бизнисот и воедно најголемото модно шоу-Доделувањето на “Оскарите” .

Оваа година со најмногу признанија се закити филмот “Гравитација”, дури седум Оскари, најмногу од било кој друг филм,но за најдобро филмско остварување беше прогласена драмата “12 години ропство”

Оскар за најдобра машка улога доби Метју Меконахи за улогата во филмот „Бизнис клуб Далас“ додека неговиот колега од филмот, Џаред Лето доби Оскар за најдобра споредна улога.

За најдобра актерка прогласена е Кејт Бланшет за улогата во „Несреќна Џасмин“, филм во режија на Вуди Ален.

Оскар за најдобра режија доби Алфонсо Куарон за филмот „Гравитација“.

Оскар за најдобар филм вон англиско говорно подрачје доби „Голема убавина“, во режија на Паоло Сорентино.

Најдобар анимиран филм е прогласен „Замрзнатото кралство“. Оскар за најдобро оригинално сценарио доби филмот „Таа“.

 

Share