Голем интерес за изградба на старски домови и детски градинки

Шеесетина субјекти покажале интерес за изградба на старски домови и детски градинки. Се работи за инвеститори од дома, но и странци. Меѓу заинтересираните има македонски иселеници од САД, но и инветситори од Шведска и Холандија.

„Засега интерес за изгрдба на старски домови покажале 37 субјекти од дома и од странство. За изградба на детски градинки имаме интерес од 25 субјекти. За нас ова е добар интерес и Владата апелира до инвеститорите да ги искористат поволностите кои се нудат за изградба на овие објекти“, вели владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Владата на крајот на мината година ги олесни условите за изградба на ваков вид објекти. Со уредбата се предвидува локациите за изградба на детски градинки и старски домови да се продаваат по почетна цена од евро за квадрат. Инвеститорите ќе добијат попуст од 95% на комуналиите, ќе можат да аплицираат и за евтините кредити кои преку Европската инвестициона банка ги обезбеди Владата со камата од 5,5%, а ќе можат да ги користат и проектите за поттикнување на вработувањето на Агенцијата за вработување.

Share