Градоначалникот Бакрачески и претседателот Иванов прошетаа низ охридската чаршија

Во улога на добар домаќин, по промоцијата на книгата „Проглас“ од Константин филозоф, градоначалникот Никола Бакрачески го испи претпладневното кафе со покровителот на денешното културното случување, претседателот на државава Ѓорге Иванов, по што заедно се прошетаа низ охридската чаршија.

Градоначалникот Бакрачески го запозна Претседателот Иванов со тековните и идни проекти на општина Охрид кои беа позитивно оценети од шефот на државава кој даваше и свои идеи во поглед на повторно заживувања на специфичните охридски традиции кои се белег на ова поднебје.

Во рамки на прошетката низ охридската чаршија во пријатно расположение, градоначалникот Бакрачески и претседателот Иванов, остваруваа непосредни контакти со охриѓани кои љубезно им приоѓаа и ги изнесуваа своите сугестии и идеи, а се однесуваа на различни сфери од општествениот живот.

Со оглед на добриот соживот кој се негува меѓу верниците од различни вери во Охрид, градоначалникот Бакрачески и претседателот Иванов испија турски чај во една од чајџилниците во старата охридска чаршија и го посетија Зејнел Абидин Паша Теќето, едно од најпознатите светилишта на верниците со муслиманска вероисповед во Охрид.

Share