Градоначалникот Бакрачески на терен утврдуваше како се работи на патот Вапила- Сирула

Градоначалникот Никола Бакрачески денес на терен утврдуваше до каде и како се одвиваат градежните активности за асфалтирање на патот од селото Вапила до  селото Сирула кое започна пред околу 10 дена. За овој краток временски период , патот речиси е целосно тампониран а се очекува асфалтирањето да започне идната недела. Проектот опфаќа реконструкција во должина од  1 700 метри и изработка на нов  пат во должина од 2 700 метри. Рокот   на изведба на работите ќе биде два месеци.

Проектите за асфалтирање на патот од Вапила до Сирула и за асфалтирање на улиците во село Косел, се двата проекти за кои општина Охрид доби зелено светло од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, а се дел од програмата на Локалната самоуправа за развој на руралните средини.

Вкупната вредност на двата проекти изнесува 23 милиони и 500 илјади денари.
Надвор од овој проект ќе биде интервенирано и на санирање на ударните дупки на патот од  село Косел до  село Вапила и од Вапила до Ливоишта, до целосна изградба на потполно нов пат кон овие населени места што се планира за понатака.

Share