Груевски: Отчетот е капиталот кој го оставаме зад нас

ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „За подобра Македонија“ денеска го презентираа отчетот за сработеното во изминативе три години 2011-2014.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при својот говор посочи дека граѓаните го вреднуваат трудот, работата, достоинството и одговорноста, но и дадениот збор на еден политичар.

„Одговорноста кај нас политичарите е најголема, излегување со очекувања пред граѓаните базирани на нашите програми со кои сме ветиле дека ќе се движиме напред, да работиме со цел граѓаните да може да се потпрат на нас и да видат дека има разлика во нашиот начин на на работа, во нашиот збор. Ние стоиме зад нашиот збор, зад секое едно ветување“, нагласи Груевски.

Тој посочи дека во 2006-та како партија покажале нов стандард во политиката, со конкретни чекори, бидејќи, како што рече премиерот, програма е начинот на кој одговорна партија се однесува кон граѓаните.

„Како стандард го наметнавме отчетот пред граѓаните како прва политичка партија. Детално прецизно темелно и одговорно како што очекуваат и нашите граѓани. И не е случајно што граѓаните во континуитет ни ја даваат довербата, со нас се на проверено и нема импровизации, си стоиме на зборот и свесни сме за неговата тежина. Довербата ја добиваме затоа што граѓаните знаат да направат разлика, помеѓу вредни и посветени луѓе кои држат со ветувањата и политичари кои даваат лажни ветувања и ништо не исполнуваат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски посочи дека денес го промовираат отчетот во кој има детали за сето сработено во изминативе три години.

„Овој отчет кој денес го споделуваме со вас содржи елаборација на 1376 проекти од кои 1009 се реализани, 329 се во тек на реализација заради фактор време, а 38 проекти не уапеавме да ги реалираме воопшто. Сето ова за нешто помалку од три години. Овој отчет е капиталот кој го оставаме зад нас. Отчетот прави разлика од она што се нашите противици. Тој е капиталот со кој излегуваме во јавноста“, дециден е Груевски.

Share