Две награди за учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“

Учениците Даниел Здравески ( втора година) и Леонид Стојаноски (трета година) од ОУТУ „ Ванчо Питошески“ , под менторство на професорот Блаже Јорданоски, освоија две бронзани медаљи на Меѓународниот гастрономски натпревар „ Бисер на морето“ , што од 9 до 13 април се одржа во Супетар, Република Хрватска.

На Меѓународниот гастрономски натпревар „ Бисер на морето“ , најзначајната гастрономска манифестација на Медитеранот, во конкуренција на готвачи од целиот свет, охридските ученици  приготвуваа главно јадење од сина  риба.

Share