Дворот во ОУ„ Дебрца“ разубавен со ружи

Во текот на реализацијата на проектот „Заедно до почиста општина“ учениците и вработените на Основното училиште „Дебрца“, с. Белчишта засадија 100 садници ружи. Ружите беа донирани од страна на Локалната самоуправа на Општина Дебарца, на чело со градоначалникот Игор Трајкоски. Исто така беа засадени и 10 борчиња, кои беа  донирани од Гарден Центар „Розенталис“ од село Волино. Учениците од ОУ „Дебрца“ ги разубавија училиниците и училишните холови со засадување на цвеќиња

Share