Девет возачи се исклучени од сообраќај во синоќешната акциска контрола

Осум лица управувале моторни возила под дејство на алкохол, еден одбил алкотестирање, а девет возачи се исклучени од сообраќај во синоќешната акциска контрола на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај. 

По тие основи, сообраќајната полиција одзеде девет возачки дозволи и издаде исто толку платни налози. 

Синоќешната акциска контрола имаше за цел подигнување на безбедноста и заштитата во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Вакви акциски контроли ноќеска се реализираа на целото подрачје на СВР Охрид. Мерките ќе се спроведуваат кон сите учесниците во сообраќајот што ги кршат одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

Оттука, СВР повикува на целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и максимален придонес од сите учесници за поголема безбедност и сигурност во сообраќајот.

Share