Делегација од Александровац во посета на Охрид

Делегација од Општина Александровац од Република Србија, предводена од градоначалникот Благоја Стајковац, денеска во Општина Охрид имаше средба со заменик- градоначалникот Ангел Јанев.

На средбата заеднички беше констатирано дека двете општини имаат воспоставено добра соработка, која во иднина треба да се продлабочува. Беше потенцирано дека преку заеднички проекти од областа на стопанството, туризмот, културата и образованието можат да се користат средства од европските фондови. Посебен акцент, како што беше речено, треба да се стави на туризмот, бидејќи Охрид е голем туристички центар, а Александровац е познат по винскиот туризам.

Share