Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ ја дочекаа пролетта

Дечињата од ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ , маскирани како цветови, пчелички и пеперутки, денеска на градскиот плоштад, со дефиле и неколку музичко- ритмички точки, симболично ја пречекаа пролетта.

Заедно со децата од основните училишта, ја реализираа и активноста „ Да го прегрнеме езерскиот бисер“ со порака сите заедно да го чуваме и заштитуваме Охридското Езеро.

Дел од манифестацијата „ Да ја дочекаме пролетта“ се одвиваше и во градинката каде се собираше хартија и пластична амбалажа.

Share