Економското училиште ќе го носи името „Св.Кирил и Методиј“

Сегашното Економско училиште и медицинската паралелка ќе се издвојат од Гимназијата „Св.Климент Охридски“, вака одлучија охридските советници на вчерашната седница по усвојувањето и изгласувањето на предлог одлуката што се однесува на оваа тема, а чиј предлагач беше секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.

„На крајот на минатата недела Министерството за образование ја даде согласноста за поделба. Претходно стручна комисија од министерството направи увид врз објектите, наставниот кадар, бројот на учениците и утврди дека сите услови за поделба се исполнети. Веќе е одлучено и за името на училиштето кое ќе се вика Св.Кирил и Методиј“, – објасни  секретарот Спасески.

Со издвојувањето на економското  училиште од Гимназијата  ќе се овозможи поефикасно работење што секако е во полза и на наставниот кадар и на учениците, од двете образовни установи.

Share