Жителите на Косел утре ќе можат да остварат средба со секретарот на Општина Охрид

Утре, Петок (7 март), секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески ќе има приемен ден во административната зграда во село Косел за жителите кои гравитираат на тој простор од општина Охрид ( територијата на поранешната општина Косел). Сите оние кои се заинтересирани да остварат средба со секретарот Спасески треба претходно да закажат средба на телефонот 046/ 262 – 469. Ваквите средби со граѓаните во Косел ќе продолжат во континуитет, информираат од локалната самоуправа.

Share