Засадени 30 бадеми во близина на Горна Порта

Благодарение на поволните временски услови ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно е на терен на повеќе локации во градот и пошироката околина, реализирајќи го проектот зацртан од градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, за создавање нови 40 зелени катчиња, кои секојдневно никнуваат и го красат Охрид.

Денеска во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески, пратеникот Александар Николоски, секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, претставник од фирмата Левидиа Дооел, Јасмина Луканова и др. се уредуваше зацртаното зелено катче во близина на Горна Порта, каде заради зачувување на автентичноста на просторот беа засадени 30 садници бадеми, донација од фирмата Левидиа Дооел. Во наредниот период во рамките на донацијата ќе бидат засадени уште 150 садници бадем по охридското Кале, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Share