Известување за работен состанок со секторот за ТЛЕР

Согласно објавениот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2014 година според програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид и програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид, со цел успешно учество и апликација на сите заинтересирани, здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и субјекти кои се заведени во регистарот за категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем и даватели на услуги во руралниот туризам, секторот за Туризам и локален Економски Развој на ден 16.04.2014 (среда) во 11:00 часот, во големата сала на општина Охрид организира обука за заинтересираните групи на граѓани.

Share