Календарски почнува пролетта

Денес, на северната полутопка на Земјата, во 17  часот и 57 минути календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата календарски ќе започне есента.
Денот  ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.
Пролетта ќе трае 99 денови, 17 часа и 55 минути се до 21 јуни во 1.09 часот после полноќ, кога календарски почнува летото.
Летното сметање на времето,пак,  ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.
За првиот пролетен ден метеоролозите најавуваат сончево време со температури до 22 степени.
Share