КОНЕЧНО ФИНАЛЕ НА ПРВИОТ РЕГИОНАЛЕН X-ФАКТОР

После неколку месеци, аудиции, елиминации, критики, пофалби и возбуди, во недела на 23.март во Конбанк Арената во Белград ќе се случи долгоочекуваното финале на првиот регионален „Х-фактор“.

 

Од сите пријавени кандидати, во изминатиот период преку елиминациони емисии се избраа петмината најдобри кои го заслужија своето место во големото финале.Меѓу нив се најде нашиот Даниел Кајмакоски, машкиот бенд „Доктори“, Маид Хеќимовиќ, Лукијан Ивановиќ и единствената девојка, Тамара Милановиќ.Сите тие ќе пеат најпрво по една песна, избраните тројца ќе пеат и втора песна, а најдобрите двајца ќе имаат можност да испеат и трета песна, по што ќе биде одлучен победникот.

 

Сите стискаме палци за нашиот Даниел,а српски “Телеграф” неофицијално објавува дека е кандидатот со најголеми шанси за победа.Во досегашните емисии во живо Даниел секогаш имал најголем број пристигнати гласови и од Македонија и од Србија. Веќе на големо се зборува дека тој е најголем фаворит со најголеми шанси за триумф.

 

Да се потсетиме и на еден од неговите настапи,изведбата на „Counting Stars“ од One Republic[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=_lrSTud6EK4[/youtube]

Share