Конкурс за Канеофест 2015

Канеофест распишува конкурс за фестивалот Канеофест 2015, кој се одржува по 14 пат, а и овој пат е под покровителство на Телевизија Морис.

Фестивалот Канеофест и оваа година ќе се одржи во две фестивалски вечери,првата на забавна новокомпонирана музика а втората на народна новокомпонирана македонска музика.

Условите на фестивалот се следни:

• Композицијата мора да биде нова, дотогаш неизведена

• Композицијата не смее да содржи навредливи содржини

• Композицијата не смее да биде подолга од 4 мин

• Композицијата после изведбата останува во сопственост на фестивалот

Категоризирањето и изборот на песни ќе се врши по доставените композиции со нотен запис или демо снимка испратени на адреса; ТВ Морис, п-фах 131, 6000 Охрид.

Сите заинтересирани кои би сакале да бидат дел од учесниците од Канеофест 2015, на поп или на фолк вечерта кои ќе се одржат на крајот од месец јуни 2015 година, ќе можат да се информираат на;

www.moris.com.mk, Тел/факс. 046/25-50-50

Изборот на победници и овој пат ќе биде со гласање на публиката и жири комисија.

Ќе следуваат  награди за победниците на двете вечери а за секој учесник на Фестивалот дополнително  ќе следи DVD пакет од фестивалот.Канеофест ги задржува сите авторски права за емитување и дистрибуција на материјалот.

КОНТАКТ; kiki_aleksieska@hotmail.com 078/735-923

tvmoris@yahoo.com 078/255-121

kaneofest_jovan@hotmail.com 071/584-900

 

Share