Концерт на “Чалгија саунд систем“ во Охрид

На 11-ти април групата “Чалгија саунд систем“, ќе одржи предвелигденски концерт во НУ Центар за култура “Григор Прличев.

Инаку,во “Чалгија саунд систем” членуваат Добрила Грашеска – вокал, Александра Кузман на виолина, Бошко Мангаровски – канун, Филип Крстевски – дајре и тарабука и Дориан Јовановиќ на ут .

Нивната идеја при формирањето на групата била да посегнат по старата македонска чалгаџиска традиција.

За сите оние кои сакаат да уживаат во звуците на старата македонска чалгиска музика,вистинското место е големата сала на НУ Центар за култура “ Григор Прличев”,на 11-ти април во 20 часот.

 

Share