Кривична пријава за охриѓанец поради злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ј.(62) од Охрид, вработен како правник  во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина во општината Охрид,  поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “злоупотреба на службената положба и овластувањето”. Пријавениот, на 15.02.2013 година,  свесно со неизвршување на својата службена должност незаконски изготвил и потпишал Урбанистичка согласност за бесправен објект. Исто така на 27.02.2013 година изготвил и Решение за утврдување на правен статус на бесправен објект со што на лицето Б.Ј. од Охрид му овозможил корист и стекнување со правосилно решение за утврдување на правен статус на бесправен објект на штета на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски – Охрид. При донесување на  Урбанистичката согласност за бесправен објект од 15.02.2013 година,  С.Ј. го  имал на увид и договорот за закуп склучен помеѓу ЕМУЦ „Тито“ – Охрид како закуподавач и Б.Ј. од Охрид како закупувач кој документ свесно го отстранил од предметот и  не го цитирал во Решението за утврдување на правен статус.

Share