Кривична пријава за стружанец поради кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Тешка кражба“  и „Кражба“, полициската станица од Струга  против лицето Р.М. (35) од Струга, поднесе кривична пријава.

На 26-ти март оваа година, пријавениот  со употреба на клешти го оштетил катанецот од две гаражи на улицата „Даница Вујивиќ“ во Струга од каде бесправно одзел еден кујнски бојлер, бакарен котел и повеќе други бакарни и месингани предмети. Истите ги продал на физичко лице од Струга за 2000,оо денари. Потоа се упатил во магацин за алати лоциран на улицата „Моша Пијаде“ во Струга од чија помошна просторија одзел повеќе алати и други предмети.  

Пријавениот Р.М. е лице познат на службата против кого и досега, по слични основи биле поднесувани кривични пријави, за што бил и затворски осудуван.

Share