Кривични пријави против 3 лица од Велешта поради тешка кражба во ОУ „Зини Хани“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.И.(20), А.Х. (20) и Д.Р. (15) сите од струшкото село Велешта.

Пријавените, од основното училиште „Зини Хани“ во Велешта противправно одзеле 14 монитори и две куќишта за компјутери,  а потоа ги сокриле со намера да ги продаваат. Тешката кражба ја извршиле на први овој месец околу 02 часот откако по претходен договор до школото пристигнале со возило џип. Пријавениот П.И. со употреба на физичка сила успеал да отвори еден од прозорците на јужната страна од школото по што А.Х. и Д.Р. влегле во внатрешноста на училиштето. Двајцата, мониторите и куќиштата преку отворениот прозорец му ги подавале на П.И. кој потоа ги ставал во џипот.

Бесправно одземените компјутери потоа ги оставиле, поточно ги сокриле во поткровјето од куќа во Велешта од каде чекале погоден момент да вршат нивна продажба.  

Пријавените П.И. и А.Х. се лица познати на службата како извршители на вакви и слични казнени дела за што и досега им биле поднесувани кривични пријави.

Share