Македонија горда,Даниел Кајмакоски победник на првиот регионален x-Фактор

Уште на првата аудиција,ова  момче ги освои срцата на публиката.Со огромна верба,голема скромност од аудиција во аудиција се повеќе го докажуваше својот талент.

Вечерва на супер финалето на првиот регионален X-фактор,Кајмакоски ги направи горди сите негови обожаватели,и ја претстави Македонија во најдоброто можно светло.

Даниел си замина дома со 10 илјади евра, возило мини купер и ќе сними албум за Сони.

На супер финалето последната песна “The Hardest Thing” од Тоше Проески ја отпеа со македонско знаме и уште еднаш докажа дека е достоен балкански победник

Искрени честитки за Даниел.

Share