Министерката Јанкулоска ги посети кандидатите за пилоти

Денес, (11.03.) во касарната „Ѓорче Петров“, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска ги посети кандидатите за пилоти кои ја поминаа административната селекција на конкурсот и започнаа со физичките проверки. Јанкулоска истакна дека проверките за пилоти на полициски хеликотпери, се сосема различни од оние за полициски службеници и дека со оглед на силната конкуренција нс крајот на селекцијата ќе се изберат најдобрите 12 кандидати, кои понатаму во следните 19 месеци во Центарот за обука на пилоти ќе поминат дополнителна обука. Со обуката избраните кандидати ќе се стекнат не само со основни, туку и со специфични знаења за пилотирање на хеликоптерите во посебни услови.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска нагласи дека по физичката подготвеност, ќе следува  проверка за познавање англиски јазик и на општо образовни теми, психо тестови, тестови за специфични карактерни особини што се бараат за пилот за полициски хеликотпер, како и здравствената проверка од највисок тип. Сите овие фази се елиминаторни, што значи дека кандидатите кои нема да поминат една фаза, не можат да одат понатаму.

Share