Мултикултурно одбележување на „Летник“ во ОУ „Братство Единство“

Во рамки на мултикултурното одбележување на празникот „Летник“, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со пратеникот Александар Николоски, секретарот на општината Димитар Спасески и претставници од градскиот совет, денес присуствуваа и на културната манифестацијата која по повод празникот „Летник“ се одржа во дворниот простор на училиштето „Братство Единство“ во населбата „Лескајца“, во која беа вклучени ученици од различни етнички групи.

„Би ја искористил оваа прилика да ви го честитам овој празник, да ви посакам многу здравје и среќа и да бидете радосни како што сте денес. Како што налага традицијата, како ќе почне овој ден таква ќе биде и годината, посакувам да бидете радосни и среќни како што сте денес. Ова место овде ме потсетува на деновите од моето детство. На ова игралиште го поминував најголемиот дел од слободното време играјќи спортски игри со моите другари од различни етникуми“, – рече градоначалникот Бакрачески.

Инаку празнувањата во ОУ „Братство Единство“ се дел од активностите на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Советот на родители од училиштето.

Share