Наградените ученици од основните училишта на прием кај градоначалникот

Учениците од Основните училишта кои добија награди на Конкурсот за изработка на креативни предмети и творби на тема „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“ , денеска беа на прием кај градоначалникот Никола Бакрачески.

Градоначалникот им го честита успехот кои го постигнаа им посака уште поголеми успеси на сите полиња и ги увери дека и во иднина ќе ги помага и дека нивниот труд секогаш ќе биде валоризиран. Наградените основци во знак на благодарност за подршката која им ја дава општина Охрид и градоначалникот Бакрачески му подарија реплика од наградените дела. Градоначалникот Бакрачески во знак на благодарност на директорите на училиштата им подари пригоден поклон, а на наградените ученици им вети дека ќе ги посети во нивните училишта за лично да им врачи благодарници за успехот кој го постигнаа и за тоа што достојно го претставуваат Охрид.

Share