На барање на публиката повторно ќе се прикажува претставата „Волкот и седумте јариња“

НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид на барање на публиката, повторно ќе ја прикажува детската балетска претстава „ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА“ и тоа организирано за основните школи од Охрид, утре(26 март)  од 14.00 часот, а на редовниот репертоар во САБОТА 29-ти Март со почеток 12.00 часот.  Влезот чини 50 денари.

Детската балетска претстава „ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА“ е во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид, а е поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија.

Времетраењето на претставата е 45 минути.

Share