Нови цветни острови на градскиот кеј

Во тревниот дел од градскиот парк, на потегот од поранешното ПТТ одморалиште до угостителското училиште, ЈП „Охридски Комуналец“ засади 3 нови цветни острови.

„Формирани се три мини-паркчиња каде се засадени околу 500 цветни садници , 50 декоративни и зимзелени грмушки и поставени се други декоративни елементи. Овие парковски решенија се дел од проектот на локалната самоуправа за формирање на 40 нови паркчиња на територијата на општина Охрид.“– информираат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека на овој потег, како и во Холандскиот Парк, отстранети се заштитните најлони  од  палмите кои беа засадени со минатогодишната акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“. Поголемиот дел од садиците се во одлична состојба и  е извршено освежување со отстранување на старите лисја, со цел поттикнување на растот на новата листна маса.

Share