Обука за еколошко означување на туристичките услуги

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина, денеска во Општина Охрид се одржа обука за еколошко означување на туристичките услуги. Пред претставниците на туристичкичко- угосителскиот еснаф од Охрид и организаторите на обуката се обрати заменик- градоначалникот Ангел Јанев.

„Во концепирањето на новите  стратегии за развој на туризмот, доминира компонентата за неговата одржливост, односно  избалансираност на  социо- економскиот развој и заштитата на човековата околина.Воведувањето на еколошки означени туристички услуги, во чија основа лежи одржливиот развој, ќе покаже дека носителите на еколошката ознака имаат повисок рејтинг, подобар имиџ и се поконкурентни на пазарот“ рече заменик- градоначалникот Ангел Јанев.

Директорката на канцеларијата на Регионалниот цетар за животна средина во Македонија, Катарина Георгиевска потенцира дека „ еколошкото означување не е цел самата за себе, туку тоа ги мотивира  давателите на туристичките услуги да ги подобрат нивните еколошки, социјални и економски перформанси, за да бидат поконкурентни на пазарот“ .  

Овој процес, како што беше речено на обуката, помага да се воочат потребните промени во начинот на работа, со кои се подобрува квалитетот на услугите и се влијае на зголемување на бројот на туристичките посети.

Share