Од полноќ поевтинуваат горивата

Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за два, а бензините за половина денар. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика .

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.03.2014 година.

Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит. Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.03.2014 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,731 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 10.03.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 40,195 ден/кг.

Share