Опција повеќе за младите од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства. Во рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години, од оваа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат. На тој начин се отвора можноста кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при нивно вработување или отворање на сопствен бизнис.

„Бидејќи се работи за курс наменет за млади луѓе кои немаат познавања од веб дизајн и програмирање, програмата е направена на начин што ги покрива основите на креирање на веб страни, со силен акцент на стекнување на практично знаење и искуство. Овој курс има за цел да ги подготви учениците за да бидат способни самите да направат едноставна веб – страна по завршувањето на курсот, со цел поттикнување на определба за нивното идно образование и кариера, а истовремено и како потенцијален извор на приход“, вели Јасна Тренгоска, еден од тренерите на курсот.

„Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во рамките на својата едукативна дејност изразуваопштествена одговорноство сегментинаекономски, еколошки и социјаленплан. Фокусот на овој проект конкретно, се децата од социјално ранливи групи и подобрување на квалитетот на нивниот живот. Ние на УИНТ се обидуваме да креираме позитивно влијание во општеството и локалната заедница преку подигање на јавната свест, филантропија, волонтерство и општествен придонес, користејќи ги притоа нашите главни ресурси: експертиза, практични вештини и знаења“ изјави проф. д-р Нинослав Марина, Ректор на Универзитетот.

Share