Општина Охрид е прва која воведува најсовремен информационен систем

Во насока на  подобрување на ефикасноста во работењето на  општина Охрид,  по претходни подготовки, денес започнаа активности за  имплементацијата  на најсовремен, интегриран општински информационен систем. Со ова Охрид е прва и во овој момент единствена општина на државно ниво што го реализира овој најнов проект од  информатичката сфера. По претходно распишан тендер изработувач на истиот е информатичко софтверската фирма „Ентер“ од Охрид.

Со воведување на овој  најсовремен софтверски  систем  во работењето, се овозможува подобрување на перформансите на секој вработен и зголемена  ефикасност на општинската администрацијата  како и  квалитет и брзина  при  услужување  на граѓаните. Со новото софтверско работење ќе  се обезбедува целосна контрола  заштита   и увид во сите  фази при обработка  на предметите од  урбаната, даночна,  финансиска  и другите сфери од работењето на администрацијата.

Share