Општина Охрид се вклучува во одбележувањето на „Часот на планетата Земја“

Општина Охрид во соработка со Црвениот крст од Охрид, утре ќе се вклучи во одбележување на „Часот на планетата Земја“.

„Часот на планетата Земја“ е глобално еколошко движење креирано од Светски фонд за природа (WWF). Како една од првите кампањи креиарана од луѓето за луѓето, „Часот на планетата Земја“ прерасна во симболичен настан кој се одбележува во многу градови и земји, поддржан од индивидуалци, бизнис организации и влади, со цел да се подигне еколошката свест кај граѓаните.

Општина Охрид се вклучува во одбележувањето на акцијата со исклучување на осветлувањето на три значајни културно историски знаменитости во траење од еден час и тоа од 20:30 часот до 21:30 часот и тоа кај „Самоилови тврдини“, комплекс „Канео“ и споменикот на „Св.Климент Охридски“ на градскиот плоштад. Во одбележувањето на часот на планетата земја се вклучуваат над 154 земји, меѓу кои и Македонија, официјално призната под нашето уставно име.

Share