Основците од ОУ „Ванчо Николески“ во посета на Општина Охрид

Група ученици од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, во рамките на нивните наставни активности, денеска ја посетија општина Охрид. Во придржба на заменик- градоначалникот Ангел Јанев, тие ги посетија салите во кои се одржуваат седниците на Советот на општината, кабинетот на градоначалникот и просториите во кои работи локалната администрација.

Учениците беа запознати со ингеренциите и работата на Локалната самоуправа, при што се интересираа како можат граѓаните да побараат решавање на некој проблем. Основците, го поставија прашањето за присуството на кучиња скитници околу нивното училиште, по што од страна на секретарот Димитар Спасески им беше речено дека инспекциските служби веднаш ќе излезат на терен и овој проблем брзо ќе биде решен.

Share