Охридски Комуналец: Нека Вашите дворови и тераси бидат цветни во секое годишно време

Расадникот кој функционира како засебна работна единица во рамките на Ј.П. „Охридски Комуналец“ располага со голем асортиман саден материјал.

„На граѓаните им овозможуваме да ги украсуваат и аранжираат своите дворови и тераси во секое годишно време. Во моментов покрај декоративните зимзелени, листопадни и украсни дрвја, располагаме и со цветен саден материјал од зимската и рано-пролетната цветна реколта. Располагаме со садници од видот хибридна виола (очиња) во одлична состојба и квалитет со разновиден колорит, потоа белис -перенис и каранфилчиња, кои се сега по намалени цени и пристапни за сите граѓани.“- велат од претпријатието.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека заедно со садниот материјал на граѓаните им нудат и изработка на идејни проекти за уредување на нивните дворови.

Share