Подигнати 30м³ тиња во близина на Холандскиот Парк

По налог на Опшинскиот инспекторат е извршено чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј (во близина на Холандскиот Парк).

Поради нискиот водостој во овој дел од крајбрежниот појас се натрупани големи количини тиња, па пристапено е кон расчистување со багерување со употреба на специјална механизација. Подигнати се и транспортирани 30м³ тиња и друг вид отпад.

Оваа активност Ј.П. „Охридски Комуналец“ ја спроведува согласно годишната програма за Јавна хигиена во доменот на вонредни активности.

Share