Почна изградбата на фудбалското игралиште со вештачка трева

Градоначалникот Никола Бакрачески, претпладнево го посети и Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ каде е започната изградбата на новото фудбалско игралиште со вештачка трева.

На почетокот беше дислоцирана пумпната станица за наводнување, во тек е расчистувањето на просторот, по што ќе следат другите градежни фази за дооформување на овој спортски објект.

Share