Почна „Неделата за безбедност на пешаците во Македонија“

Со делење зелени и црвени флаери за правилно однесување на пешаците во сообраќајот, денеска на кружниот тек кај СП „Планет“ во скопски Ѓорче Петров, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и претставници на Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај, ја почнаа кампањата „Неделата за безбедност на пешаците во Република Македонија“ која ќе трае до 7 април.

Статистиката, информира Јанкулоска, покажува дека годишно околу 40 лица го губат животот во сообраќајни несреќи како пешаци, а дури 200 сообраќајки се предизвикани од лица кои несовесно се однесуваат во сообраќајот како пешаци.

Превентивната активност, појасни таа, е наместо вообичаеното изрекување казна од 3.000 денари за непрописно поминување, им се делат флаери на пешаците и тоа зелениот за оние кои правилно се однесуваат, а црвениот опомена.

– Минатата година речиси една петина од вкупната бројка на жртви во сообраќајот се пешаци, а заедно со моторциклистите и велосипедистите, пешаците сочинуваат една половина од загинатите во сообраќајни несреќи, изјави Јанкулоска.

Share