Почнуваат да се средуваат јавните површини во стариот дел на Охрид

После средбата на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел на градот пред десеттина дена, на која беа изнесените нивни потреби за подобрување на инфраструктурата, резултира со почеток на уредување на просторот во населбата Канео и делот што води кон црквата „Св. Јован-Канео“.

Екипите на охридските јавни претпријатија пристапија кон средување на патеките што водат кон црквата и кон плажите Потпеш и Канео кои ќе бидат осветлени со нови канделабрии. Наредениот период целосно ќе се реконструираат и постоечките потпорни ѕидови а поради заштита за минувачите ќе се подигнуваат и нови.

Share