Премиера на театарската претстава „Самовилата од напуштениот замок“

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ -Охрид, во соработка со детското драмско студио „МУЛТИ КУЛТИ“, во вторник(8-ми април) со почеток во 19 и 30 часот ќе ја прикажува  премиерно театарска претстава „САМОВИЛАТА ОД НАПУШТЕНИОТ ЗАМОК“,  во режија на Ташко Лаброски.

Во неа играат членовите на „Мулти Култи“ Сара Ристоска, Теодора Настоска, Христијан Јанески, Милена Костоска, Марија Бошнакоска, Ерол Брзев, Филип Лозаноски, Еди Решад, Климент Маркоски и Ирена Николоска. Во претставата ќе настапат и членови во студиото за модерен и класичен балет „Визави“.

Влезот ќе чини 100 денари.

Share