Претставници од ромската заедница на прием кај градоначалникот Бакрачески

По повод Меѓународниот ден на ромите, 8 април, градоначалникот Никола Бакрачески  денеска , прими претставници од ромската заедница од Охрид.

На средбата, претставниците на охридските роми ги изнесоа проблемите  со кои се соочува оваа популација, а градоначалникот Бакрачески потенцира  дека општината  максимално се залага  и   работи на стратегија за унапредување на правата на оваа заедница и нивна заштита во насока на подобрување на животниот стандард со подобрување на условите за живот, образование и вработување.

Градоначалникот истакна дека, општината ќе го поддржи секој проект кој се однесува на заштита и унапредување на животот  на ромите. Во тој поглед Локалната ќе го поддржи и предложениот   проект  од сферата на социјалната заштита со ангажман на лице кое ќе биде линк- медијатор  меѓу граѓаните, општината и Центарот за социјални грижи од Охрид. Лицето би било ангажирано за собирање документи, пополнување  апликации и формулари.

 Локалната самоуправа ќе го поддржи и проектот  бесплатен оброк во народната кујна да добијат и членовите од  социјално најзагрозените ромски семејства од Охрид. Во иднина општината  ќе ги помага и проектите кои се однесуваат на одбележување на 8 април- Меѓународниот ден на ромите и на празникот Ѓурѓовден кој се одбележува на 7 мај.

Share