Расчистени стотина кривични дела и поднесени 89 пријави за 112 осомничени лица

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на минатата недела расчисти и документираше стотина кривични дела сторени на подрачјето на градот во различни реони, процесуирајќи 89 кривични пријави против 112 осомничени лица.

Конкретно, Единицата за општ криминал – одделение за имотни деликти поднесе вкупно 19 кривични пријави против 26 лица и тоа за дела како “тешка кражба на дрзок начин“, “разбојништва во обид“, “разбојништво“, “предизвикување општа опасност“, “прикривање“ и други дела во ингеренции на Отсекот за тешки кражби, отсекот за моторни возила, отсекот за џебни кражби и Одделението за малолетници.

Исто така Канцелариите за криминалистички работи поднесоа вкупно 10 кривични пријави против 16 лица со кои се расветлени 12 кривични дела како “тешка кражб“, “кражби“ и “одземање на моторни возила“.

Единицата за насилен криминал реализираше 25 кривични дела меѓу кои и убиството врз тригодишното дете, а беа поднесени и пријави за “противправно лишување од слобода“ извршено на подрачје на Гази Баба, “загрозување со опасно орудие при караница или тепачка“ извршено на подрачје на Аеродром; “загрозување на сигурноста“ извршено на подрачјето на Гази Баба; “предизвикување општа опасност“ извршено на подрачјето на Центар; “насилство“ извршено на подрачјето на Чаир; “самовластие“ извршено на подрачје на Центар, “задоволување полови страсти пред друг“ извршено на подрачје на Центар; “напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“ извршено на подрачјето на Драчево.

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје реализираше вкупно пет кривични дела за што кривично ќе бидат пријавени пет лица од Скопје од кои две се во рамки на отворената меѓуресорска акција “Мрежа“ и се насочени против трговијата со наркотици, а три се однесуваат на нелагалната трговија со оружје.

Единицата за економски криминал и корупција изготви вкупно четири кривични пријави против шест лица за сторени две кривични дела “фалсификување исправа“ и две кривични дела “измама“.

Одделението за извршени увиди за сообраќајни незгоди поднесе 29 кривични пријави против исто толку сторители под основано сомнение дека истите сториле кривично дело од областа на сообраќајот и тоа четири – “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и 25 дела – “загрозување на безбедноста на сообраќајот“.

Единицата за извиди и потраги лиши од слобода вкупно осум лица кои се бараа од страна на Основен Суд Скопје 1 за различни дела и тоа: “кражба“, “тешка кражба“, “запуштање и малтретирање на малолетно лице“, “злоуптреба на службена положба и овластување“, “изнуда“, “фалсификување знаци за обележување на стоки, мери и тегови“, “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, “тешка кражба“, “злосторничко здружување“ и други.

Единицата за прв одговор и интервенција – алфа изврши легитимирање на 349 лица, 66 прегледи на ПМВ и приведе вкупно 81 лице.

Меѓу покарактеристичните дела кои се расчистени се :

Делата кои му се ставаат на товар на 24 годишно лице од Глумово познато под прекарот „Кобра“ кој заедно со други две лица од истото село се товарат за “разбојништво“, “разбојништво во обид“, “одземање на моторно возило“ и “предизвикување општа опасност“. Наведените кривични дела пријавените ги извршиле во временскиот период од 13.01 -26.02.2014 година и тоа по две на подрачјето на Карпош и Ѓорче Петров. “Разбојништво во обид“ е извршено во експозитура на Алфа Банка каде вооружени и маскирани (со црни фантомки и ракавици) влегле во банката, но откако забележале униформирано лице од АРМ се откажале од намерата и избегале.Одземањето на моторно возило го извршиле на паркинг-простор кога одзеле ПМВ „Форд Фиеста“, му ги извадиле регистарските таблици и истиот ден извршиле кривично дело “разбојништво“ во  експозитура на „Шпаркасе банка“ каде вооружени и маскирани со црни фантомки влегле во банката, со закана по нивниот живот од вработените одзеле пари, а потоа со одземеното возило се упатиле кон с. Глумово каде го паркирале во дворот од семејната куќа.Со украдените пари првоосомничениот на 20.01.2014 година заминал во Шведска и Норвешка и во Република Македонија се вратил на 04.02.2014 година.

За одбележување е и реализацијата на Отсекот за џепни кражби кој поднесе кривична пријава против две бугарски државјанки затоа што  извршиле едно кривично дело кражба, при што  се стекнале со противправна имотна корист од околу 7.000 денари. Претходно во аптека лоцирана на улица “Цветан Димов“ веќе извршиле една кражба, а на 26.03.2014 година од страна на ПС биле забележани како на автобуската постојка на ул. Цветан Димов се обидуваат, откако претходно ќе изберат “жртва“ од  патниците што се качуваат во автобус на ЈСП, да извршат кривично дело кражба на тој начин што додека второпријавената се турка во патникот првопријавената се обидува со протнување на рака во чантите што ги носат на рамо или во џеб да им ги одземат паричниците при  што истите биле  кратко време опсервирани, а потоа  и приведени во ПС ОН Бит Пазар. Со нив  обавен е  разговор при што истите го појаснија начинот на извршување на кривичното дело. Исто така, до  надлежното ОЈО Скопје поднесено е барање  за обезбедување на видео надзор од аптека “Херба“, и при прегледот јасно се гледа како е извршено кривичното дело. На двете судија во претходна постапка им одреди казна од една година затвор со 3 години условно и мерка 10 години забрана за влез во РМ.

Share