Се реализира кампањата „Македонија земја на цвеќето- Земја на розата“

Во реализацијата  на националната еколошка кампања „ Македонија земја на цвеќето- земја на розата“  која ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, денес активно се вклучија и општина Охрид и ЈП „ Охридски комуналец“  со што симболично се означи и стартот на пролетта. Во рамките на оваа кампања  ЈП „ Охридски комуналец“  планира да засади 2.000 садници ружи  на целата територија на општината, а денес беа засадени ружи на „Булевар Туристичка“  ( на потегот од  Градски пазар до клучката на излезот од Охрид), месноста „ Долни Сарај“ во соработка со Фестивалот „Охридско лето“   и во основните училишта „Григор Прличев“  и „Христо Узунов“ .

Оваа кампања се очекува дека  позитивно и едукативно ќе влијае  како кај најмладата популација, така и кај сите граѓани, со цел урбаните средини да ги претвориме во цветни градини и прочистувачи на загадениот воздух.

Share