Се санираат улиците во старото градско јадро

По неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел на градов  на која беа изнесени нивните проблеми од областа на  инфраструктурата, денеска  охридските јавни претпријатија “Градски гробишта“ и “Ниско градба“  започнаа  акција на санирање на оштетените делови низ улиците од стариот дел на градот.

Градежните активности започнаа од просторот кај малиот плоштад и ќе се одвиваат по целата должина на улицата “Коста  Абраш“ до црквата Св. Софија при што ќе се   преуредуваат  коцките од калдрмата  таму каде има нејзино оштетување, а просторот околу црквата партерно ќе се уредува.  Паралелно со активностите на  улицата “Коста Абраш“ се врши санација на оштетувањата и на улицата “Цар  Самоил“ по што  ќе се санираат и оштетувањата на сите останати улички во стариот дел на Охрид.

 

Share