Се санира патот Вапила – Ливоишта

По неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со жителите од селата Вапила и Ливоишта на која им беше ветено дека ќе се санира патот од селото Косел до селото Вапила и од Вапила до Ливоишта, денес се отпочна со негова санација и пополнување на ударните дупки.

Секретарот Спасески на лице место утврдуваше до каде и како се одвиваат градежните активности за санација овај пат. Ова е само привремено решение додека Локалната самоуправа не отпочне со целосна негова реконструкција.

Инаку патот од селото Вапила до селото Сирула кој од пред дваесетина дена започна комплетно да се реконструира е при крај. Проектот за патот од Вапила до Сирула опфаќа реконструкција на 1 700 метри и изработка на нов пат во должина од 2 700 метри.

Проектот за асфалтирање на патот од Вапила до Сирула е проект за кои општина Охрид доби зелено светло од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, а се дел од програмата на Локалната самоуправа за развој на руралните средини.

Share