Спортската арена „Билјанини Извори“ домаќин на Балканското првенство во бадмингтон

Денес во просториите на ЈП „Билјанини Извори“ се одржа работна средба помеѓу директорот Ристе Мишев и претседателот на Бадмингтон федерацијата Диме Стефановски.

Целта на состанокот беше конечната потврда за одржувањето на  Балканско првенство во бадмингтон за сениори и ветерани кое ќе се одржи од 11 до 14 септември во Спортската арена „Билјанини Извори“. На првенството ќе учествуваат повеќе од 200 спортисти од 10 држави од целиот Балкан, така што во континуитет  ЈП „Билјанини Извори“ успева сериозно да се наметне како домаќин на спортските настани од различни спортови се со цел да го афирмираат градот Охрид, а со тоа сериозно да влијаат на развојот спортскиот туризам кој е во интерес за сите граѓани на Охрид.

Share