Спортски ден во Велгошти ќе се одржи по повод роденденот на Тодор Александров

По повод 4 март, роденденот на Тодор Александров, во салата која го носи неговото име во село Велгошти, ќе се одржи спортски ден. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер. На него ќе учествуваат 300 ученици од сите основни и средни училишта од општина Охрид, учениците од основните училишта од општина Дебарца и општина Вевчани. Почетокот на натпреварите е закажан за 9:30 часот. Спортскиот ден е во организација на ОУ „Живко Чинго“, а се реализира со поддршка на Локалната самоуправа.

„Се надеваме дека овој ден ќе премине во традиција и дека бројот на учесници ќе се зголемува од година во година.“ – вели в.д. директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски.

Share