Средба со директорите на основните и средните училишта

Градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот Димитар Спасеки денеска имаа редовна средба со директорите на основните и средните училишта. Директорите на училиштата информираа за тековните состојби во одвивањето на наставно- образовниот процес и за планираните  идни активности.

На средбата беше договорено да се интензивираат планираните проекти кои треба да завршат до крајот на оваа учебна година, за да може покрупните зафати да се одвиваат за време на летниот распуст.

Посебно беше потенцирано дека Локалната самоуправа ќе инвестира и ќе го помога развојот на основните и средните училишта. Потврда на ваквата определба е дека во 2013 година за разни зафати до основните училишта се трансферирани 22,940,774.00 денари, а само за два месеци од оваа година 524,900.00 денари. Во средните училишта во тек на 2013 година за подобрување на условите за одвивање на воспитно образовниот процес трансферирани се 9,619,266.00 денари. Локалната самоуправа, како што беше потенцирано на средбата, во наредниот период уште поинтензивно ќе ги поддржува проектите на основните и средните училишта.

Share