Субвенциите ќе се зголемат, извозот на земјоделски производи дуплиран

Субвенциите за земјоделство се зголемуваат од година во година. Истите редовно се исплаќаат. Оваа година за нив се наменети 140 милиони евра, изјави Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски во дневникот на Алфа телевизија.

-Ние тоа го предвидовме во 5-годишната програма за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Минатата година одвоивме 135, годинава 140 милиони евра. Следните две години ќе се издвојуваат по 150 милиони евра. Следните 4 години нови  590 милиони евра. Како една директна поддршка за македонскиот земјоделец, рече тој.

Ефектот од овие субвенции е огромен.

-Во изминативе 7 години целото расположливо државно земјоделско земјиште го ставивме во функција на производство преку негова распределба. 68.000 хектари, плодна државна земјоделска земја е распредела на над 7700 граѓани односно земјоделци кои ја обработуваат. Го зголемивме вкупниот обем на производство на отприлика 720 милиони евра. Секако, го зголемивме и вкупниот извоз на македонски земјоделски производи надвор од пазарот на Република Македонија во висина од над 500 милиони евра. За споредба, 2006-та година 242 милиони евра беше извозот на земјоделски производи, рече Димовски за Алфа.

Share