Тамара Тодевска со видео запис за “Тешко Без Тебе”

Синоќа во Култниот Клуб “Станица 26” беше промовиран долгоочекуваниот видео запис на Тамара Тодевска за второ наградената композиција на “Скопски Фестивал 2013” за темата “Тешко Без Тебе”, чие дело е на Роберт Билбилов и Тамара, аранжманот е на Роберт, а текстот е дело на маестро Игор Џамбазов.

Овој видео запис го изработи нејзината продукција “Горила Филм“, во продукција на “Македонска Радио и Телевизија“, под режисерската палка на уникатниот Мерт Аслани, директор на фотографија беше Драган Паковски – Пако, додека за видео монтажата беше задолжен Милан Туциновски.

За Тамара да изгледа како што и заслужува се погрижија Ивана Кнез со нејзините креации и еден од најдобрите Make Up артисти Арменд Рамадани. Во видео записот се појави и актерот Благој Веселинов кој перфектно го одглуми својот дел, а видео записот се снимаше на локација во близина на Скопската населба „Кучково“.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=sT0-vapMTDU&feature=player_embedded[/youtube]

Share